Членовите на судскиот совет може да бидат разрешени за влијание на судии

Управниот судија за кого обвинителството отвори истрага за злоупотреба на службената положба е еден од судиите чија постапка за одговорност ќе се најде пред членовите на судскиот совет на седница во среда дознава Телма од извори во советот.

На дневниот ред на седницата без присуство на јавност ќе се постапува по барањата за утврдување на одговорност на судија односно ќе се формираат комисии од по три члена на советот што ќе ги водат постапките.

За него судскиот совет покренал постапка откако претходно му го одзема имунитетот но не дозволи да му биде определен притвор.

Судскиот совет одлучува исклучиво за одземање на имунитет на судија но одлуката дали ке има притвор или не треба да ја донесе судот, вели поранешната судијка од Стразбур, Маргарита Цаца Николовска.

Николовска очекува новиот претседател на судскиот своет да го одржи првичното ветување  дека ќе ги продолжат постапките за одговорност на судии. Но освен судии со новиот закон за судски совет можат да бидат разрешени и членови на највисокото судско тело кои досега во јавноста  важеа за недопирливи. Постапка за дисциплинска одговорност на член на Совет, до Судскиот совет може да поднесат најмалку 20 судии или секој член на Судскиот совет со право на глас стои во законот.

Една од можните причини е ако тој член влијае врз независноста на судиите или врши притисок во одлучувањето по одредени предмети.

Ова е една од клучните промени во законот велат од Институтот за човекови права

Од институтот за човекови права се надеваат дека законите за судски совет и за судови ќе придонесат за позитивна оценка од ЕК.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ