
Членовите на РКЕ со исти плати како претходниците
Новите членови ан регулатоирната комисија за енергетика земаат исти плати како и нивните претходници.Во соопштението РКЕ објави колкави се нето примањата на претседателот и членовите на комисијата но не и висината на надоместоците.
Претседателот Марко Бислимовски кој на оваа функција е од јуни како и неговиот претходник Димитар петров има нето плата од 97 114 денари или 1579 евра.Негов заменик е Куштим Рамадани кој зема 91 276 денари месечно а останатите 5 члена на РКЕ имаат основна плата од 88 774 денари или по 1443 евра.
Просечната плата на остнатите 23 други вработени во РКЕ изнесува околу 45 000 денари односно 733 евра.
Работа на комисионерите е да вршат контрола на пазарот тежок милијарди евра, задолжени се да ги утврдуваат цените на горивата, на струјата, парното греење и на водата. Работата на членовите на РКЕ е неспоива со друга јавна функција или функција во политичка партија или работно место .