Чистка во ВМРО-ДПМНЕ

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи Сашо Мијалков и Никола Тодоров од партијата.

Потпретседателот на партијата Александар Николоски рече дека тие се исклучени заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија, заради соработка со Зоран Заев како и организирање група за притисоци врз пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени. Како што рече Николовски, поради истите причини од партијата се разрешени потпретседателот Митко Јанчев и членот на извршниот комитет на партијата Костадинин Богданов.

,,Заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО ДПМНЕ и силна соработка со Заев и организирање на група за притисоци и поткуп на пратениците, ЦК го разреши Митко Јанчев на тајно гласање и тоа едногласно“.

Разрешен е и Константин Богданов, а ги задолживме општинските комитети да поведат дисциплинска постапка и да ги исклучат од членство Сашо Мијалков и Никола Тодоров заради истите причини.

ЦК на партијата побара и осумте пратеници кои беа на листата на коалицијата,  а како што рече Николоски, го изневерија народот, веднаш да поднесат оставка бидејќи работат спротивно на волјата на граѓаните.

На иницијатива на Мицкоски ЦК разгледа и предлог за одржување вонреден конгрес за гласање доверба на претседателот на партијата, но ЦК без присуство на Мицкоски одлучи да го одбие овој предлог и смета дека нема потреба од вонреден конгрес и претседателот ја има поддршката за да ја води партијата,.

Николовски  ја нарече вечерашната седница на ВМРО-ДПМНЕ историска. Додаде дека има силен механизам во рамки на партијата кој секогаш успева да ја прочисти партијата.

„Имавме длабока анализа на внатрешно прочистување и разјаснување и од денес нема ништо да биде исто“, рече Николовски

ВМРО-ДПМНЕ расчистува со хипотеките од минатото и продолжува напред реформирано, додаде потпретседателот на партијата Александар Николоски .

Сакаме да ја честитаме новата криминална коалиција Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков“-рече Александар Николовски по завршување на седницата на Централниот комитет на на ВМРО ДПМНЕ. Немаат сознанија дека Никола Груевски делувал во оваа група и затоа тој не е предмет на разрешување или исклучување.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ