
Четворица жители на Дебарско со две деца го напуштиле карантинот и се движеле во Охридско
Го напуштиле карантинот во Дебар и Центар Жупа, па полицијата ги фатила на пунктот кај охридско – Подмоље. Четворица жители на три дебарски села Отишани, Долгаш, Џепиште и уште двајца малолетници биле со нив во голфот кој е сопрен вчера од полицијата. Таа утврдила дека не смееле да го напуштат регионот кој владата го затвори уште на почетокот на корона кризата и забрани движење надвопр од границите на Дебар и Центар Жупа. Полицијата сега ги сомничи за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Откако се консултирала со обвинител осомничените се задржани, а запознат е Судија за деца при Основниот суд Охрид и Центарот за социјални работи, чиј претставник се вклучи во работата со малолетните лица. Известен бил и Центарот за јавно здравје по што, возилото со сите патници со полициска придружба се спроведени до зоната за карантин во Дебар.
Инаку обвинителството бара казни за дестмина скопјани, седуммина велешани и кумановци како и тројца жители на Делчево поради тоа што без дозвола се движеле во полициски час. Глобите кои се побарани се движат од 800 до 2 000 евра.