Четворица вработени во Антикорупциска комисија позитивни на корона вирус, поради изборите се бара тестирање и за членовите

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов е позитивен на корона вирус. Кај него последни пак на состанок вчера биле претеседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска и уште еден член на комисијата во која веќе има кластер на новозаболени.

Според информациите на Телма Шилегов претходните два дена имал малку покачена температура па поради тоа се тестирал.

Денеска го одбил позитивниот тест и веднаш објави на својот фејзбук профил.

И покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање, објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на Фејсбук.

Во меѓувреме се уште не се утврдени контактите на четворицата заболени од ковид 19 во дкск. Тие се вработени во секретаријатот на комисијата но извори за телма потврдуваат дека имале комуникација и со членовите.

Две од нив веќе имале контакт и со Шилегов но убедуваат дека биле на дистанца со маски.

Убедуваат дека и во комисијата се работело на ист начин. Сепак дел од вработените таму велат дека често се случувало дури и членови на ДКСК да не носат заштитни маски, а една од нив била во комуникација со заболените.

Имале комуникација и со многу странки велат вработените.

Претседателката на Антикирупсицка убедува дека сепак сите мерки биле превземени, и потврдува дека од понеделник сите ке се тестираат.

Првиот позитивен тест на вработената во ДКСК е доббиен во средата по што самоиницијативно се тестирале и дел од другите колеги.

Но за сега нема одговори зошто никој не е отиден во самоизолација.

Според директорката на државниот инспекторат, Ирина Бухова се чекаат решенијата од центарот за јавно здравје.

Од таму пак не одговараат. Сега виси во воздух прашањето дали предизборно ДКСК ќе оди во самоизолација, особено за тоа што комисијата е надлежна да ги мониторира изборите.

Кај неа пристигнуваат приговори по кои на јавна седница одлучуваат седумтемина членови на ДКСК. Со можна самоизолација се судираат тројца, но се чека  последниот збор на епидемиолозите.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ