
Седум од повредените се во тешка здравствена состојба
Четворица пациенти повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје- Тетово се во тешка здравствена состојба, од 32-ца кои беа синоќа донесени во градската болница „8-ми Септемри“, изјави за Телма директорот Христијан Костов.
28 се стабилни, но на еден од нив му се влошила состојбата по што е префрлен на Торакална хиругија.
Нив ги посети утринава министерот за здравство Венко Филипче, а се очекува таму да пристигне и премиерот Зоран Заев.
Четири од повредените пациенти во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти во Ургентниот Центар во Скопје сé уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба, информираат од министерството за здравство.