
Четворица нови врховни судии дадоа заклетва во Судсксиот совет
Четворица нови врховни судии избрани минатиот месец дадоа заклетва во судскиот совет дека ќе ги почитуваат Уставот, законите и меѓународните договори. Судиите Мирјана Лазарова Трајковска, Сафет Кадрии, Наќе Горгиев и Лидија Мартиновска се заколнаа дека ќе судат независно, чесно и одговорно и ќе ги штитат слободите и правата на граѓаните.
- Довербата се враќа со работа. Време е Врховниот суд да си го заземе местото на суд што ќе биде лидер не само во судството, туку и во реформите, изјави за Телма, судијката Мирјана Лазарова Трајковска.