
Четворица градежници на КАРИЛ од десетмината повредени во Куманово
Уште двајца од десетмината повредени градежни работници се префрлени од кумановската болница на Клиниката КАРИЛ во Скопје.
предходно двајца други на тешко повредени на градилиште во Куманово беа донесени на скопските клиники, а директорката на Карил, др Маја Мојсова за Телма изјави дека тие се приклучени се на апарати за дишење, дека не се свесни. „Во тек се анализи за степенот и карактерот на повредите. Се вршат сите потребни анализи и испитувања“, изјави Мојсова.
Работниците имале тешки повреди на градниот кош, на белите дробови и на рбетниот столб, но повеќе информации ќе се дознаат по завршените испитувања и опсервации.
Работниците (вкупно 10) се поклопени со мрежа за темели на градилиште во Куманово.
Гледајте повеќе во вестите на Телма во 15.30