
Четиринаесетгодишно девојче прва жртва на грипот
Грипот ја зеде првата жртва годинава. Тинејџерка починала од компликации на вирусот, потврдија денес од Институтот за јавно здравје.
Пред помалку од 24 часа од Детската клиника испратиле извештај за целиот случај.
Во лабораториите на Институтот секојдневно анализираат примероци и секојдневно регистрираат новозаболени, а бројката за една недела достигнала до над 3600.
Заразата ќе се шири и во следните две недели ќе го достигне пикот, прогнозираат епидемиолозите. Тие се уште не размислуваат до властите да испратат препораки за затворање на училиштата и дополнителни слободни денови за учениците, за што има примери во соседните земји.
Во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје пишува дека од почетокот на сезоната на груп досега има вкупно 10.700 потврдени случаи на болеста.
Петар Догов