Четири нови случаи на заболени од коронавирус, вкупно 35 во земјава

Резултатите на четворица испитани се позитивни на корона вирусот.

Тие не биле во ризична земја туку во контакт со брачниот пар кој се вратил од Бугарија, а кој од вчера се на инфективна клиника.

Според министерот Венко Филипче тие се во добра состојба, а стабилни се и останатите 31 пациент, вклучувајќи ја и жената на респиратор.

Во меѓувреме прават анализи на уште триесетмина, од нив еден од Куманово, двајца од Скопје а останатите 27 се од дебар и околината.

Се работи за скенирање на нивната состојба и по тоа се прават тестирања. Според Филипче, буквално се работи за ловење на луѓе со помош на проверка на нивното движење и комуникации и проверка на нивната здравствена состојба. дел од нив се веќе и од други градови како што е струга.

Инаку за прогласувањето на вонредна состојба Филипче вели дека здравството практично од крајот на јануари е во вонредна состојба.

Министерот цитираше студија од Италија која утврдила дека најголемиот проблем на здравствениот систем таму било наглото полнење на болниците. Поради тоа повтори граѓаните да се придржуваат кон правилата.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ