
Четири нови случаи на коронавирус – Дебар и Центар Жупа ставени во карантин
Општините Дебар и Центар Жупа се ставени во карантин поради ширењето на коронавирусот откако од таму денеска се потврдени четири нови случаи на заразаени. Новите заболени не биле во директен контакт со брачниот пар од центар Жупа кој на 6 март беше хоспитализирани на Инфективната клиника, туку се посредно заразени. Сите се на возраст од околу 55-годишна возраст и се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје. Сите се со лесна клиничка слика.
„И тоа беше директна причина да предложиме т.е. Управувачкиот комитет предложи да се воведе кризна состјоба во овој дел. Побторува во општините Дебар и Центар Жупа. И непосредно веднаш после тоа на истат седница на Влада се донесе одлука за ограничување на движење на луѓето кои живеат во овие општини – во и надвор од истите“, рече Венко Филипче, министер за здравство.
Во следните 24 часа ќе се прецизираат деталите како ќе се функционира во Дебар и Центар Жупа.
На Инфективната клиника се влошува состојбата на 62-годишната жена од брачниот пар од Центар Жупа и како што информираше Филипче таа е на граница да биде ставена на машина за дишење.
Во меѓувреме се чекаат тестовите за уште едно лице сомнително за коронавирус, македонски државјанин кој авионски допатувал од Германија. Изолирани се и патниците кои седеле околу него.
Владата попладнево соопшти дека стануваат применливи членовите 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои нема да ги почитуваат мерките на Владата и истите ќе се процесуираат до Јавното обвинителство.
Членот 205 се однесува на пренесување на зарзан болест и овој член меѓу другото предвидува казна за оние кои не постапуваат по мерките за сузбивање на заразни болести.
„Тој што со кршење на прописи или наредби или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест, со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три година“, се наведува во Член 205 од Кривичниот закон.
Член 206 се однесува на непостапување според здравствените прописи за време на епидемија и тој што постапува според наредбите за определени мерки за нејзиното сузбивање ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Освен угостителските објекти кои имаат скратено време на работа и преполовен капацитет, за непочитување на забраната собирање на луѓе од секаков вид ќе се казнува и верските заедници.
„Одлуки мора да се почитуваат. Тоа не е шала. И во одлуките ставивме една точка дека ќе се преземат чекори согласно законот. И секој што не го почитува, против секого ќе се преземат соодветни мерки. Ова не е шала. Значи не може вака неодговорно да се однесуваат луѓето. Ако викаме дека нема масовни собири, нема масовни собири“, беше дециден Филипче.
Филипче предупреди и на можен недостиг на крвни единици во болниците поради коронавирусот и ќе побараат привнатните клиники и ординации да ја почитуваат одредбата да се третираат само итни инстервенции.
За да се намали движењето на луѓето по институциите како превенција од ширење на коронавирусот од владата информираат дека освен електронско поднесување на барање за документи, тие и ќе се издаваат еклектронски.
„На поратлот услуги uslugi.gov.mk во моментов има достапни 128 услуги кои што се достапни од сечиј дом. Потврдите и различниот вид на документи од најпосетуваните институции, како што се, покрај Управата за водење на матичните книги, Агенцијата за вработување, Министераството за труд и социјална политика, Фондовите за здравствено и пензиско осигурување, Централниот регистар, се достапни електронски“, информираше Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.
Манчевски притоа рече дека на истиот сајт ги има информациите за процедурите за издавање на документи и за други 744 институции и оти нема потреба физички да се посетуваат институциите за информација.
Тамара Грнчароска