Четири годишно девојче меѓу шестмината новозаболени со Ковид-19

Четири годишното девојче се заразило во градинка во Англија а со семејството се вратило во Штип на 14 март и според информацииите што ги дале на надлежните биле во домашна изолација. Вчера се пријавиле за тестирање два дена откако почнале првите симптоми. Ќе се тестираат и најблиските на девојчето, информираше министерот за здравство.

Другите ново потврдени случаи кои ги соопшти министерот за здравство се жена што се вратила од Швајцарија каде имала контакт со заболен од корона и била во домашна изолација, скопјанец кој имал контакт со претходно заболени и уште тројца заболени од Дебар кои биле откриени при скринигот што се вршел таму. Се чекаат резулатати за уште 35 тестирани. Министерот Филипче информираше дека здравствената состојба на претходно заболените е непроменета и стабилна. Бројката на заболени достигна 48 и еден излекуван пациент.

Филипче повика на свест на граѓаните за да се надмине оваа криза. Епидемиолозите се обидуваат да одбијат исцрпни податоци од заболените. Целта е да се стигне до сите привчни контакти бидејки тие се наризичните и што може да се заразени и потоа да ја шират болеста. Затоа ке се прави дополнително тесирање на ризичните групи.

За третман на сомнителните или потврдените слуачи на заболени од корона кои ќе имаат потреба од некаква друга медицинска интервенција се става во функција и болницата 8ми септември каде мегу другото ќе биде обезбеден и посебен оддел со 22 кревети и 2 респиратори.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ