
Четири години од Законот за сурогат мајчинство – Правниците со критики
4 години наполни детето родено од сурогат мајка од единствениот случај за кој знае јавноста по донесувањето на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување. Правните експерти го критикуваат законот поради конкретни недостатоци
Детето од единствениот случај на сурогат мајчинство во земјава наполни 4 години. Исто толку години Македонија е една од ретките европски држави која го дозволи сурогат мајчинството. Од тогаш до денес има само еден случај на сурогат мајчинство и тоа од мајка за ќерка. Во 2014 година е донесен Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување со утврдени критериуми за донорите и примателите, но тој има низа недостатоци кои оневозможуваат негова широка примена. Професорот Дејан Мицковиќ од Правниот факултет прецизно ги лоцира дел од недостатоците на Законот.
Професорот по етика од Филозофскиот факултет Дејан Донев вели дека повеќе морални дилеми се отвараат пред се со самата тема на сурогат мајчинството, но и на самиот закон кај нас.
Сурогат мајка или гестациски носител е жена која се нафаќа да роди дете, не за себе, туку за други родители, но не со нејзина јајце клетка. Кога беше донесен Законот беше отворен и регистер за евидентирање на жени што сакаат да бидат сурогат мајки, но и на брачни двојки заинтересираи да добијат дете на ваков начин, но по три неуспеши бреммености. Законот не предвидува плаќање на сурогат мајчинството, освен основните трошоци, поточно за финансиски бенефит од сурогат мајчинство е предвидена казна.
Јордан Дуков