Четири држави од регионот со спуштени рампи за македонските туристи до 1 јули

Вториот бран на епидемијата на коронавирусот во Македонија ги спушти рампите во неколку држави за македонските туристи.

Четири држави во регионот не дозволуваат влез на македонски државјани освен ако имаат дозвола за престој или пак транзитираат.

Во дел од соседните држави е дозволен непречен влез а во земјите од Европската унија македонските државјани може да патуваат само доколку имаат работна виза или дозвола за престој на подолго време поради препораките на Европската комисија за ограничување на несуштинските патувања до 30 јуни

МНР објави официјален документ, спиок на држави во Европа и светот со неопходните услови за влез или транзит на македонските државјани.

Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина и Грција се државите во регионот каде до 1 јули е забранет влез на македонските државјани освен за транзит или доколку имаат работна дозвола или дозвола за престој.

Хрватска во последен момент ги отвори границите за македонските државјани и туристи а за влез е потребна дозвола за престој или работа или хотелска потврда за резервација.

Словенија дава 12 часовен рок за транзит преку територијата а сите македонски државјани кои сакаат да останата во државата се упатуваат во задолжителен 14 дневен карантин.

Во Турција, Србија, Косово и Албанија нема никакви услови за влез престој и транзит на македонските државјани нитуи пак задолжително тестирање или државен карантин.

Во земјите од ЕУ, правилата се речиси исти и се во согласност со препоракиоте на Европската комисија.

За македонските државјани непоходни се виза или дозвола за престој на подолг временски период или работа дозвола за да може да се влезе во повеќето западноевропски држави а потоа следи задолжителен двонеделен карантин.

Исклучок е Италија која не прима македонски државјани и германија каде македонија е во државите од висок ризик и македонските државјани по автоматизам се испраќаат во задолжителен двонеделен карантин.

САД остануваа затворени за македонските државјани а во Канада може да се патува само со дозвола за престој а по пристигањето карантинот е задолжителен карантин.

Сепак до МНР велат дека листата не е конечна и дека е подложна на промени.

Според информациите на Телма, на почетокот на идната недела Комисијата за заразни болести ќе достави предлог до Владата со кој ќе се укине задолжителниот тест и карантин при влез во државата.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ