Четири членки на ЕУ со безрезервна поддршка за преговори со Македонија

Се надеваат на датум, но консензусот во ЕУ ќе реши дали оптимизмот и поддршката на Полска, Латвија, Литванија и Естонија за старт на преговори со Македонија ќе се реализира овој март. Вака денеска тројца шефови на дипломатии и едне заменик на четирите членки на ЕУ ја искажаа својата поддршка за конечно, како што рекоа исполнување на она што ЕУ им го должи на македонските граѓани.

Она што го направите до сега е навистина совршено и само продолжете, задржете го темпото, тоа е единствениот одговор на за сите скептици и оние кои се двоумат. Но реков, вие може да сметате на нас и ќе бидеме со вас без оглед што ќе се случи, изјави Линас Линкевичиус, министер за надворшени работи на Литванија.

Министрите на Полска, Литванија, Латвија и заменик-министерт на Естонија како претставници на групата земји поддржувачи на проширувањето освен што го поздравија она што земјава го направила досега со реформите и имплементација на Договорот од Преспа, побараа таа да продолжи на истиот начин, со несмалено темпо и со национален консензус за во иднина да не се загрози постигнатото. Но тие се и на став дека и ЕУ треба да го исполни ветеното.

Има една етичка димензија на членството на земјите од регионот во ЕУ, сметаме дека ЕУ им должи на овие земји одлука да ги прими во ЕУ, тоа е долг кон општеството граѓаните, но тука е и безбедностната димензија има и други актери надвор од ЕУ кои се активни во регионот, па таквата одлука за почеток на преговори ќе го спречи негативното влијание, рече Јацек Чапутович, министер за надворешни работи на Полска.

Миисетрот за надворшени на Латвија кажа дека неговата змеја на Советот за општи работи неговата земја ќе даде поддршка за преговори за членство.

ЕУ треба да си го оддржи ветувањето. Зборувавме за продолжувањето на реформите, за спроведувањето на Договорот од Преспа и сметам дека е многу битно да се постигнува напредок во овие две области, изјави Едгарс Ринкевич, министер за надворшени работи на Латвија.

Шефот на македонската дипломатијаа од своја страна кажа дека Македонија испорачала опипливи и одржливи реформски резултати и тоа заедно со новата методлогија ги исполнува условите за добивање датум.

И мислам дека овие два столба се одлична основа конечно да има испорака и од ЕУ, порача Никола Димитров, министер за надворешни работи на Македонија.

Земјите пријатели на проширувањето освен поддршката за членство во ЕУ порачаа дека очекуваат на следиот министерски состанок на НАТО во април Македонија веќе да настапи како 30-та земја-членка.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ