
Чешка не издржа на крајот, Волф и донесе триумф на Германија
Германија започна со триумф во Главната фаза на Европското ракометно првенство во Хрватска. Во Вараждин во рамките на првото коло од Групата 2, актуелниот европски првак славеше победа над Чешка од 22:19.
Чешка не успеа да го издржи притисокот кон крајот на мечот и пропушти шанса да обезбеди позитивен резултат. Германците имаа предност од 7:5 на половина од првиот дел, кое Чешка со серија од 5:2 го сврте во своја корист и на одмор замина со водство од 10:9.
Во вториот дел Чешка најавуваше победа но со „убиствената“ серија од 6:0 кон крајот на мечот како одговор на водството од 18:16, Германија стигна до првиот триумф во Главната фаза вкупно втор на континенталниот собир.
Стефан Фат со осум погодоци беше прв стрелец кај Германија, додека во спротивниот табор Томас Чип со шест погодоци беше најефикасен