Челичната индустрија под закана на мерките на САД и ЕУ

Челичната индустрија е под сериозна закана од мерките што ги воведоа САД и ЕУ за ограничен увоз на челик од трети земји и за извоз на старо железо. Производителите бараат максимална заложба од економската дипломатија, бидејки нашиот увоз и извоз не претставува закана за двете економии, но затоа е суштински за македонското стопанство.

„Американската администрација да не го истура гневот врз нас. Дипломатијата да бара изземање на Македонија од мерките бидејки веќе има такви примери. Мерките се закана за челичната индустрија и го ограничуваат пласманот на нашите производи“, вели Митко Кочовски од Здружението на металургија.

Извозот на челични производи од Македонија е минорен за САД додека пак во вкупниот увоз во ЕУ нашите компании учествуваат со 0,87 %. Македонија не е фактор за дестабилизација вели Кочовски, бидејки извезува по пазарни а не по дампинг цени а токму тоа ќе го докажат компаниите со пополнување на прашалници на ЕУ, по што ќе следи контрола од специјални комисии.

„Ние пополнуваме прашалници, а државата по политичка линија да објасни зошто ЕУ ветува само политичка поддршка, хипокризија е ако поддршката тука изостане“, вели Кочовски.

Додека ваквите мерки стапат на сила , челичната индустрија стравува дека ЕУ може да воведе и мерки со кои ќе се воведат количински или царински ограничувања кои би биле подеднакво штетни бидејки ќе предизвика поскапување на производите или враќање во годините кога извозот беше значително низок.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ