Чебрен повторно во игра, ќе се гради со јавно приватно партнерство

По десетина пропаднати тендери, хидроелектричната централа Чебрен се враќа во игра. Ќе се надградува студијата за изградба на Чебрен и ќе се обновува тендерската документација за опвој проект, во кој се очекува инвестиција од половина милијарди евра. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска го потпиша договорот со потпретседателката на ИФЦ, која е членка на Групацијата Свертска банка, Георгина Бакер, со кој треба да се изработи обновена бесплатна студија за проектот Чебрен.

Централата ќе се гради со јавно-приватното партнерство, при што ЕЛЕМ ќе биде јавниот партнер, а на тендер ќе се бара приватниот партнер, на кој се очекува да се јават реномирани компании од регионот и од Западна Европа. Проектот Чебрен е стар колку и јас, вели вицепремиерот Анѓушев, а проектот и претходно го има правено ИФЦ, но сега студијата ќе биде обновена и адаптирана, бидејќи се променети неколку услови. Енергетскиот пазар сега е полиберализиран, а Чебрен ќе биде електрана што ќе дава балансна енергија.

По десетина години, го оживуваме проектот „Чебрен“ кој е веројатно стар колку што сум јас и кој многу години и генерации го зборуваат. Но, од тогаш се променети многу работи. Ценевме дека е разумно и прагматично, она што е досега направено да не го фрламе, туку да го искористиме, само да го надградиме согласно она што го бараат актуелните околности на енергетскиот пазар кој е многу полиберализиран во регионот. Таа можност треба да ја искористиме. Предност е и тоа што нашата држава денес е многу постабилна од пред десет години и поради тоа многу поатрактивна за странските вложувачи, вели вицепртемиерот Анѓушев.

Исто така, според него, ЕЛЕМ сега е многу помоќна компанија, а државата е многу постабилна и поатрактивна за странски инвеститори, кои прават долготрајни зделки во енергетиката само во стабилни подрачја, каква што ќе биде земјава бидејќио е на прагот да стане официјална членка на НАТО. а ние сме такво особено што сме на прагот да бидеме официјална членка на НАТО. Изградбата на хидроелектраната се очекува да почне догодина, а првите количини струја би требало да протечат во 2025 или 2026 година со оглед дека се работи за голем, капитален проект.

Со нетрпение очекуваме да работиме заедно со Владата и со другите развојни партнери на изработката на проценката на проектот за „Чебрен“ кој претставува клучна иницијатива за подобрување на идната енергетска сигурност на земјата. Владата на Северна Македонија е со амбициозна цел, долгорочен економски развој, одржлив раст, креирање работни места, а ИФЦ сака да биде дел од тоа“, вели Џорџина Бејкер, потпретседател на ИФЦ за Европа.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ