Чавков, Василевски, Мукоски одат во домашен притвор

Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, како и Митко Пешев, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски,  Оливер Поповски и Мунир Пепиќ сите вработени во МВР излегуваат од притвор.

Вака одлучи Врховниот суд по нивните жалби на одлуките за притвор од кривичниот и апелациониот суд. Нив мерката притвор им се заменува со мерка куќен притвор.

На пратениците Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски им се укинува мерката куќен притвор и се заменува со мерки на претпазливост.

Истата одлука важи и за оперскиот пеач Игор Дурловски исто како и Елена Божиновска. Тие ќе треба  да се јавуваат еднаш неделно во основниот суд на чија територија имаат живеалиште.

Во притвор остануваат членовите на патриотското здружение од Велес Горанче Анѓелов и Илија Славевски.

Осомничемите З.С., В.Т. и В.М. исто така остануваат во притвор.

За осомничените Сашо Марковски, М.М. и С.М. мерката куќен притвор останува.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ