
Чавков сам си одлучил каде ќе издржува куќен притвор
Ден откако бил пуштен во домашен притвор полицијата не можела да го пронајде ексминистерт Митко Чавков на адресата на која Врховниот суд му определил да биде во куќен притвор. Претседатлеот на Кривичниот суд, Иван Џолев, на брифингот со новинарите рече дека судиите во Кривичниот совет кои одлучувале за притворот добиле известување од МВР дека при двете проверки направени на 27 март, на адреса во Центар во 18 часот и 20 ч 30 часот, полицајците не го пронашле Чавков дома, односно никој не им отворал. Подоцна го лоцирале на друга адреса во Лисиче.
„Самоволно одлучил да ја издржува мерката куќен притвор на друга адреса, а не на онаа која му била определена од Врховниот суд. Законот предвидува дека ако обвинето лице на кое му е определена мерка куќен притвор се оддалечи од домот спротивно на одлуката на Судот, таа мерка може да му биде заменета со построга мерка за обезбедување на присуство во текот на постапката“, кажа Иван Џолев, претседател на Кривичен суд.
Од одбраната на Чавков велат дека станува збор за техничка грешка. Адвокатот Сашо Дуовски вели дека веднаш ги известил со три дописа и Врховниот суд да ја поправи грешката, и судијата на претходна постапка, и Кривичниот совет во Основниот суд, дека неговиот клиент не живее на адресата во Центар, туку во Лисиче. Дополнитлено и Чавков сам се јави на бројот 192 да пријави каде е, вели Дуковкси според кој во решението за притвор стои опасност од бегство, а не непочитување на куќен притвор. Чавков штрајкува со глад и не прима терапија вели адвокатот кој денеска го посетил во Шутка.
Кривичен ги врати во Шутка, Чавков и уште 4-ца обвинети од безбедносните структури за 27 април ден, откако Врховен одлучи да им ја ублажи мерката во куќен притвор. Според Џолев нема ништо спорно.
„За притворот надлежност има и Врховниот суд и основниот но само станува збор за различни фази. Врховен одлучил по жалба во втор степен во устрага а Основниот по подигнување на обивнение. Сплет на околности е тоа што се случи во два дена“, додаде Џолев.
Нова шанса за ревизија на одлуките е пред Апелациониот суд. Освен 5-мината кои се во притвор, жалби на последната одлука поднеле до сега уште 4-ца со куќен притвор. Но, жалби ќе пристигнуваат и следната недела по што Апелација ќе се произнесе. Пратеникот Јохан Тарчуловски денеска дојде во Кривичен за да се пријави бидејќи со последните одлуки и тој како и пратениците Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов се бранат од слобода со мерки на претпазливост. Мукоски и Василевски се во домашен притвор. Адвокатот Кичеец потврди дека нема да се жалат на одмашниот притвор на Мукоски во оваа фаза бидејќи ќе користат други средства во понатамошната постапка. Адвокатот на Василевски, Новаковски вели дека пред малку го примил решението и допрва ќе одлучат дали ке се жалат.
Елена Ивановска Мукоска