
Чавков останува во притвор
Чавков останува во притвор потврди скопска апелација по вчерашната јавна седница на која била разгледувана неговата жалба за притворот. До судот била поднеснеа и гаранција во имот, но од таму објаснуваат дека предлогот за гаранцијата го отфрлиле затоа што ја немало потребната документација, односно имотни листови.
За недвижности што биле понудени немало документи чија сопственост се објаснуваат од повисокиот суд, од каде велат дека во секој момент кога одбраната ќе ја комплетира докуметацијата, може да поднесен до Кривичниот суд.
Чавков беше пуштен во домашен притвор со одлука на Врховниот суд, но ден подоцна беше вратен во Шутка со одлука на Кривичен по подигнатото обвнение за 27 април.