
Чавков не се сеќава кој го снимал апсењето на Бошковски БЈБ или УБК
Поранешните најмоќни полициски функционери Сашо Мијалков и Митко Чавков се сретнаа во иста судница во Кривичен.
Едниот како обвинет а другиот како сведок на СЈО во Тортура за апсењето на поранешниот министер за внатрешни Љубе Бошковски.
Чавков кој во 2011 кога беше акцијата Кампања за Бошковски бил началник на одделот за организиран криминал во мвр на речиси сите прашања на обвинителот одговараше дека не се сеќава на детали бидејки поминало многу време но најчесто за одговор упатуваше на обвинителот кој ја водел истрагата за Бошковски.
Не се сеќаваше дали снимките од апсењето ги правеле од УБК чиј шеф беше Мијалков или одделот на Чавков, ниту дали тој издал наредба да се апси Бошковски или некој друг?
“Не можам да се сетам. Пак ќе Ви посочам на јавниот обивнител. Јас не можам да дадам наредба ако јавниот обивнител не утврди потреба од реализација на кокретен случај. Јас бев началник кој раководи со 400 вработени. За тактичките работи беа задолжени раководителите во координација со јавниот обвинител. Мојот ангажман беше да го делегирам случајот на тимот и да се вклучи јавен обивнител од почеток. Не се мешав и не сугерирав во документирањето на доказите” – изјави Чавков.
Ексдиректорот на УБК, Мијалков кој од понедленикот се брани од слобода денеска за прв пат дојде без полициска придржуба во судот откако изминатите месеци беше во домашен притвор и во Шутка.
Не сакаше да го коментира ниту сведочењето на Чавков ниту за обвинението дека поради политичка одмазда ги навел полициските алфи да го приведат Бошковски со употреба на прекумерна сила
Чавков беше спроведен од истражниот затвор каде е во притвор за 27 април а при заведување на личните податоци ја поправи судијката дека е државјанин на Република Македонија а не на Северна Македонија
Сведочеа уште тројца сведоци меѓу кои и сменоводителот во полициската станица каде бил доведен Бошковски.
Тој потврди дека Бошковски повторно бил вратен на местото на апсењето.
Му ги прочитал правата и изготвил записник на кој немало приговор ниту од приведениот ниту од неговиот адвокат но слушнал како Бошковски му кажува на адвокатот дека е наместен.
Елена Ивановска Мукоска