
Чантата Луи Витон со милион евра за Боки 13 не завршила меѓу доказите на Рускоска
Торбата Луи Витон од видеото на Ла верита која во рацете на Боки 13 ги прошетала европските метрополи не завршила меѓу доказите на обвинителката Вилма Рускоска.
Скапата брендирана чанта која доби нуште поголема вредност затоа што транспортирала милион евра јавноста виде дека тргнала од домот на Камчев но каде завршиле парите уште не се знае.
Ако имало џи пи ес уред за следење, како што кажуваше Камчев во вчера објавените разговори можеби ќе се откриеше но обвинителството нема такви сознанија
-Чантата за која покажувате интерес не е дел од доказите на предметот „Рекет“ и обвинителството нема докази дека во неа бил вграден уред за следење. Имено, сведокот ниту во исказ даден пред јавен обвинител, ниту пред судот не изјавил дека во чантата е вграден каков било уред, реагира јавното обвинителство.
Новите бомби излегоа по сведочењата на Камчеви за Рекет. Но и во снимките и во исказите беше споменат екс директорот на УБК Сашо Мијалков.
Ана Камчева сведочеше дека Боки 13 и најавил дека за 2 дена ќе биде притворен Мијалков што и се случило.
Камчев и Мијалков се осомничени во Империја и двајцата пред нова година лани излегоа од Шутка во домашен притвор и со зелено светло од Катица Јанева. Во Рекет се тврди дека за домашниот притвор на Камчев Боки 13 добил пари. Мијаков денеска пред рочиштето за Таргет тврдина пак не сакаше да коментира, вели нема конекција со тоа
Камчев во изјава за “Фокус” потврдува дека гласот од објавените разговори е негов. Вели дека снимките се извадоци од подолг разговор кој бил направен на средба во Бугарија кон крајот на август, на која присуствувале 4ца соговорници. Оценува дека тенденциозно се сечени делови од разговорот со што биле извадени од контекст и на тој начин се создаде погрешна перцепција. Тврди дека од контекст е изваден и делот со наводните заканите дека не би се заканувал кон ничии деца а оној што ги објавил разговорите вели имал цел да се умилкува кај одредени структури.
Во новите снимки се зборуваше дека на истражител биле дадени 100 илјади евра за стикче односно уред за чување податоци.
Во друг разговор пак се изразува сомнеж дека во обвинителството кое го раководи Вилма Рускоска некој работи за ВМРО и дека нејзина колешка податоци од компјутер дала на лидерот на партијата.
Од обвинителството не сакаат да коментираат за содржината на разговорите ниту дали е точно тоа дека од кај нив протекувале податоци во минатото. Упатуваат на вчерашното соошштение.
Обвнителката Рускоска пред еден месец тврдеше дека записникот од сослушување на сведоци кој се појави во медиумите не е излезен од нејзиното обвинителство затоа што во организиран криминал имале оригинали а објавениот документ бил во копија.
Копираните документи минале низ кривичен апелација и вишо обвинителство. Но до сега не се откри кој бил кртот. Не се расчистени ниту објавувањата на повеќе разговори последнава година.
Елена Ивановска Мукоска