
Чаирските училишта „Никола Вапцаров“ и „Рајко Жинзифов“ преку ноќ станаа „Исмаил Ќемали“ и „Имри Елези“
Пред влезот на училиштето Никола Вапцаров во Скопски Чаир денеска нема никаква табла. Вработените ни кажаа дека очекуваат во текот на денот да стаса табла со новото име на училиштето Имри Елези. Некогашното Рајко Жинзифов пак сега е Исмаил Ќемаили. Ова предизвикува несогласувања помеѓу СДСМ и ДУИ ,кои си замерија за таблите на двете основни училишта во Чаир. Претседателот на СДСМ Зоран Заев изјави дека промената на имињата на училиштата е спроведена незаконски. Тој дополнително побара да се провери документација која ја издала општината за преименување на таблите.
Министерот за образование Арбер Адеми пак доцна синоќа за таблите на училиштата во Чаир се обрати на својот профил на Фејсбук.
Откако ги потпишав потребните документи, прашањето со имињата на училиштата во Чаир конечно е затворено, напиша Адеми.
Според записот од Централен регистар кој го објави Адеми училиштето Никола Вапцаров сега се вика Имри Елези, а Рајко Жинзифов Исмаил Ќемали.
Во 2012 година општина Чаир постави и табли со новите имиња на училиштата, но тогашниот министер за образование и наука Панче Кралев не даде согласност за преименување.
Теодора Цветковска