Чаир ново потенцијално жариште на Ковид-19

Од вкупно 24 новодијагностицирани во Скопје, денеска 11 се од Чаир. Во Чаир раздвижено како да нема пандемија на опасниот ковид 19. На двете страни од новиот заштитен ѕид полицајци и полициски возила.Но, новина е само графитот на ѕидот кој ја дели главната улица во Чаир.

Останатата слика пресликана од изминативе денови, групирани граѓани, луѓе кои не носат маска.Сепак имаше и такви кои ги почитуваат мерките па стоеа на два метра, излегле од своите домови со маски и марами врз устата и носот. Меѓу Чаирчаните кои ги прашавме имаше и такви кои сметаат дека карантин мора да има и дека  непочитувањето на мерките ги довело во ваква ситуација. Сретнавме и луѓе кои мислат дека КОВИД 19 не постои иако статистиките велат дека само во Македонија до сега починаа 133 луѓе од овој вирус.

Во петокот пак градоначаникот на Чаир Висар Ганиу им порача на Чаирчани да ги почитуваат мерките како и до сега и да имаат трпение додека се се врати во нормала како пред пандемијата.

Дали ќе има карантин во општина Чаир зависи од тоа дали ќе расте бројот на новозаразени од коронавирусот и дали епидемиолошката крива која никако не се исправува ќе почне да оди во надолна линија.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ