
Бурни рекации по изјавата на Заев, навредени новинарите и припадниците на ЛГБТ заедницата
Зборовите „суетен новинар“ и „педер“ за случајот „Рекет“ му отвори нов фронт на премиерот Заев, но не во борба со корупцијата туку со застапниците на човековите права и новинарите.
Дискриминаториски говор, навредлива изјава, кафеански муабет, се само дел од канонадата која тие му ја упатија, порачувајќи му дека како политичар мора да внимава што зборува.
Заев се обиде да се извини велејќи дека зборот „педер“ го употребил за да опише карактерна особина, но тоа уште повеќе ги разгоре страстите.
Со Димитров на иста линија е и ЛГБТИ мрежата на Македонија, бидејќи и според нив „педер“ не е нечија карактерна особина, туку тој збор го симболизира општеството кое негува омраза, страв и гадење кон ЛГБТИ заедницата.
Новинарската фела пак не доби дури ни „несреќно“ извинување за терминот „суетен новинар“ кој тие го толкуваат како напад врз новинарите.
На изјавата на Заев рагираше ААВМУ од каде наведуваат дека премиерот како носител на јавна функција со изјавта не ги почитува новинарите, ги дерогира ЛГБТИ заедницата и не ја почитува пресумпцијата на невиност.
Тамара Грнчароска