(Видео) Бунт на граѓани во Сингелиќ поради апсење во полициски час

Вечерва во населба Сингелиќ толпа луѓе се собраа фрлајќи со камења на полицијата која апсела советник на СДСМ во Општина Гази Баба кој со уште неколку лица за време на полициски час ваделе лежечки полицаец поставен на патот.

При интервенцијата на полицијата се собрала поголема група на луѓе кои негодувале и се спротивставувале на апсењата.

На местото пристигнал градоначаналникот на Општината.  Откако ги привеле, поднесени се пријави по што се пуштени  и состојбата се смирува, според информации на МВР за Телма.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ