
Бујар Османи шеф на политичкиот преговарачки тим во скрининг процесот
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања Бујар Османи ќе биде шеф на политичкиот преговарачки тим во скрининг процесот на ЕК. Задолжен за техничкиот дел од процесот ќе биде советникот на премиерот Бојан Маричиќ.
Скрининг процесот на комисијата започнува утре со доаѓањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Хан пред неколку дена изјави дека скринингот почнува со поглавјата 23 и 24, односно владеењето на правото, судството, корупцијата, слободата и безбедноста.
По завршувањето на скринингот, Комисијата треба да подготви извештај со кој ќе даде оценка за тоа, дали Македонија е подготвена за влез во ЕУ.