Вицепремиерот Османи во самоизолација до вторник

По веста дека градоначлникот на Куманово, Максим Димитиревски е позитивен на Ковид 19, на фејсбук се огласи вицепремиерот Османи кој вчера присуствуваше на состанокот во Куманово заедно за премиерот Спасовски и министерот Адеми.
-По позитивната потврда за СОVID-19 на Градоначалникот на Куманово а поради тоа што вчера имавме состанок во општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштита маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денес да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај Претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите. Посакувам на градоначалникот на Куманово брзо закрепнување како и на сите погодени граѓани и што е можно поскоро да излеземе од оваа состојба заедно.Бидете здрави!, напиша на фејсбук вицепремиерот Бујар Османи
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ