
Бухова: Родилката пријавена за лажна изјава си заминала од Инфективна на сопствено барање
Родилката која не пријавила контакти со заразени од Ковид кога била на прием во ГАК иако позитивна на вирусот си заминала и од Инфективната клиника каде е префрлена по породувањето.
– Попладнево потпишала изјава и си заминала од инфективната клиника. Сега надлежниот инспектор за случајот чека Инфективната клиника да ни достави податоци за пациентката за да и доставиме решение за домашно лекување и за изолација на лице позитивно на КОВИД-19, изјави за Телма директорката на ДЗСИ, Ирина Сотирова Бухова.
Пациентката барала да замине на домашно лекување бидејќи имала поблаги симптоми. На денешната прес конференција Бухова соопшти дека во тек се постапки за завршување на надзорот и дека е утврдено како родилката не кажала на ГАК дека имала контакт со заболен. Родилката потоа се испишала од ГАК и се породила на приватна клиника каде според Бухова 4 члена на лекарскиот тим кој и правел царски рез е во самоизолација.