Бугарскиот договор и бугарскиот амбасадор утре во Собранието

Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Петков, пред пратениците ќе ги претстави програмата и приоритетите за работа на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ, стои во распоредот на работа за утре, на Собраниската комисија за надворешни работи.

На пленарна собраниска седница на дневен ред е договорт за добрососедство со Бугарија односно, Предлог – законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

На седница на дневен ред се и новите реформски закони за прислушувањето, како и  други важни закони, меѓу кои законот за амнестија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ