
Бугарија подготвува црвени лини за членството на Македонија во ЕУ
Бугарија ќе даде зелено светло за старт на преговори на ЕУ со Македонија, но ќе повлече црвени линии во преговарачкиот процес, без кои земјава нема да може да стане полноправна членка. Ова денеска го договори државниот врв на Бугарија на консултативаната средба околу македонското пристапување во ЕУ. Откако пред две недели Комсијата за историски прашања не успеа да најде решени околу личноста на Гоце Делчев, бугарскиот претседател Радев побара Бугарија да изгради национални позиции со кои ќе се заштити нејзиниот јазик, идентитете и историја.
„Важно е да се исцртаат и т.н. црвени линии кои треба да гарантираат дека европската интеграција на Северна Макеоднја нема да биде на сметка на употребата на бугарската историја, јазик и идентитет, како монета за поткусурување. Тоа треба да биде важно и многу јасно да се постават прелиминарните услови, при чие неисполнување да може да не се дава дозвола за следните етапи од преговарачкиот процес“, рече Румен Радев, претседател на Бугарија.
Барањата кои ќе ги формулира бугарската влада, како што соопшти Радев, треба да влезат во преговарачката рамка на земјава со ЕУ и да станат задолжителен услов за крајниот прием на земјава во ЕУ. Освен крајните цели, Бугарија ќе постави и среднорочни цели кои треба да бдидат исполнети пред секоја следна етапа од преговорите на Македонија со ЕУ, а кои треба да бидат јасно мерливи.
„Особено внимание, најмногу, треба да се посвети на учебните програми и планови, натписите во музеите и спомениците и на позициите на јавните медиуми“, рече Румен Радев, претседател на Бугарија.
Бугарскиот премеир Борисов по средбата информираше дека Бугарија ќе даде зелено светло за преговори со земјава на Европскиот совет на 17 и 18 октомври.
„До вчера велевме дека сме братски народи, нека не продолжува братоубиствената војна од пропагандата во Скопје зашто ние поблизок народ и луѓе немаме. Да ја запреме Северна Македонија на патот кон ЕУ, тоа ќе биде запишано во историјата дека сите 27 земји ги поддржале, а само Бугарија ги запрела“, изјави Бојко Борисов, премиер на Бугарија.
Борисов притоа рече дека Софија има на располагање 71 инструмент во преговрите по поглавјата.
Одговор од Македонија стигна лично од премиерот Заев.
„Верувам дека нема потреба за загриженост, го примаме алармот и пораките што се испраќаат од Бугарија. Веќе работиме со комисиите, ќе имаме состаноци и ќе укажеме со конечна цел двете страни да бидат среќни и задоволни при постигнувањето на тоа решение“, изјави Зоран Заев, премиер на РС Македонија.
Заев е уверен дека е можно да се постигнат решенија за историските прашања со преземање на храбри чекори од страна на заедничка стручна комисија, врз основа на фактите и вистината, но оти за решение потребна волја не само до Македонија, туку и од Бугарија.
На состанокот бугарскиот државен врв денеска донел и одлука Бугарија да ги искористи сите лостови во НАТО за да се вклучи во контролата на македонското небо кога земјава ќе стане членка на НАТО.
Тамара Грнчароска