
Бугарија и Македонија ќе ги укинуваат меѓусебните царински стапки
Бугарија ќе побара од Европската комисија да дозволи царинска стапка од нула за Бугарија со Македонија, со цел да се стимулирапоголема економската размената меѓу двете земји. Ова го соопшти бугарскиот премиер Бојко Борисов, по средбата со својот македонски колега Зоран Заев во Софија.
„Разговаравме со нашите колеги министри за финансии за да работиме за нула стапки во царинските тарифи помеѓу двете земји. 605 милиони евра е стоковната размена помеѓу Бугарија и Македонија сега, па така ќе видите дека по тоа веднаш ќе преминеме на 1.000 милиони евра. Бидејќи многу компании имаат интерес за инвестирање “, рече Бојко Борисов, премиер на Бугарија.
Заев потврди дека денеска започнале разговори ослободување од цариснки давачки меѓу двете земји.
“Во 2017 година, кога го потпишавме Договорот за соседство со Бугарија, трговијата се зголеми за 15%. И ќе продолжи да расте”, рече Зоран Заев, премиер на Македонија.
Тој посочи дека се работи и на Коридорот 8 за кој се предвидени 670 милиони за изградба на железничката пруга од Скопје до бугарската граница.
Заев од Софија порача дека Македонија во јуни може да ги почне преговорите со Европската унија.
„Имаме шанса во јуни месец да отвориме поглавја, преговори со ЕУ“, изјави Заев.
Борисов пак и се заблагодари на Европска комисија за поддршка која ја дава за интеграцијата на Западен Балкан во Унијата, посочувајќи дека Бугарија за време на своето претседавање токму тоа го ставила во своите приоритети.
„Никој не веруваше дека ќе може тргнеме по тој пат, дека за една година Бугарија и Македонија ќе се разберат, дека Македонија и Грција ќе се разберат“, рече Борисов.
Посетата на Заев на Бугарија е по повод 147 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, во рамки на која министрите за култура на Бугарија и на Македонија Боил Баново и Асаф Адеми положија венец на споменикот на Гоце Делчев во Софија, а потпишаа и Програма за соработка во областа на културата меѓу двете земји.
Во ранките на соработката и чествување на заедничката историја Заев денеска информираше дека е веќе подготвен подготвен споменикот на бугарскиот полковник Константин Каварналиев и оти само се чека да бидеме транспортирани од Софија во Македонија за да можеме официјално биде поставен.
Тамара Грнчароска