Брза разврска на „Рекет“ ќе спречи политичка криза во државата

Закон за Јавно обвинителство не е на ниту повидок, преговорите меѓу власта и опозицијата за повеќе клучни теми и прашња со месеци не се помрднале од мртва точка а барањата за предвремени избори се се погласни  и појасни. Случајот „Рекет“ дополнително ја испроблематизира политичката состојба во државата па затоа се поставува прашањето дали скандалот може да предизвика нова политичка криза во Македонија.

Политикологот Ненад Марковиќ смета дека „Рекет“ единтсвено може да предизвика политичка криза доколу се утврди вмешаност на политичари, и доколу се одолговлекува истрагата со што се отвара простор за шпекулации.

Сепак „Рекет“ влијае врз преговорите околу законот за Јавно обвинителство и статусот на СЈО, закон за кој Брисел е дециден дека мора да се донесе и од кој и зависи одлуката во октомври.

Кога станува збор за предвремени избори, Марковиќ е дециден дека може да се одржат нарајно на пролет индата година.

На 27 август на дневен ред на собраниската седница е владиниот предлог закон за Јавно обвинителство, според кој СЈО треба да се спои со постоечкото обвинителство за гонење на организиран криминал а сите обвинители да продолжат да работат во него. ВМРО ДПМНЕ не прифаќа на чело на оваа институција да биде обвинителката Рускоска и инсистираат да биде прифатен нивниот предлог закон кој бил подготвен согласно стандардите на Советот на Европа. За усвојување на законот неопходно е да се обезбеди подршка од 80 пратеници, која во моментов ја нема.

Во вторник е закажан распитот на Јанева во Обвинителеството за организиран криминал на кој се очекува да се дадат одговори на многу клучни прашања за случајот „рекет“ и од кој ќе зависи натамошниот тек на истрагата.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ