
Бројот на ученицте во средните стручни училишта во Битола од година во година е се помал
Иако рударството кај нас е претежно машка професија, сепак средношолката Марија Христовска од Битола, смета дека во рудниците има место и за жени. Таа е трета година во средното училиште „Таки Даскало“ и е единствено девојче во класот на геолошо рударски техничари. Вели се запишала на оваа насока за да докаже дека нема машка и женска професија. Заедно со своите соученици изведува практична настава во рудникот Брод Гнеотино во РЕК Битола.
Не сметам дека е машка струка, можат и жените да ја работата ова професија. Добро се снаоѓам иако во класот сум со сите машки, вели Марија Христовска, ученичка во СОУ „Таки Даскало“- Битола.
Сепак, генерално интересот за оваа струка од година во година опаѓа, иако Рударско енергетскиот комбинат Битола има потреба од вакви профили.
Девојчиња имаме секоја година по едно или по ниедно. Вчера бевме на генерациската средба, има повеќе женски од машки. Како што се намалува бројот на деца ние имаме и се помалку ученици во класовите. Инаку точно онолку колку што завршуваат има потреба да се вработат во РЕК-Битола, вели Валентина Маневска, рударски инженер, професр во СОУ „Таки Дасакало“-Битола.
Од РЕК Битола велат дека ја продлабочуваат соработката со средните училишта и факултетите каде се образоваат кадри кои се потребни на комбнатот. Со унапредување на дуалното образование најавуваат и поголем квалитет на практичната настава, со што се очекува да се намали јазот помеѓу понудата и побарувачката на стручен кадар на пазарот на трудот.
Емилија Мисирлиевска