
Бројот на новозаразени повисок од бројот на оздравени луѓе од опасниот КОВИД 19
Бројот на новозаразени повисок од бројот на оздравени луѓе од опасниот КОВИД 19 . Се полнат болничките капацитети , само денеска 32 пациенти хоспитализирани на Инфективна и во 8 септември. Македонија бележи црни рекорди на корона вирусот, денеска нови 164 заразени, 15.7 проценти од тестираните. Битката со вирусот ја загубија двајца 53 годишна пациентка на Инфективна и 60- годишна жена која била донесена во Тетовската болница како сомнителна на ковид. Во последното деноноќие оздравени се 12 луѓе.
Скопје и понатаму рекордер по новозаразени – нови 85 дијагностицирани, следи Куманово со 24 , во Тетово има нови 18 случаи . Во Дебар каде што повеќе од месец немаше нов случај на болен од корона, за само еден ден 3 позитивни.
Охрид-9, Штип-5, Струга-5, Прилеп-3, во Гостивар, Свети Николе, Ресен-2,
Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Кочани, Македонски Брод и Валандово по 1.
Инаку, за само една недела има 969 новозаразени со корона. Тоа е скоро половина од моменталната бројка на активни случаи во земјава. Од петти до 12 јуни секој ден има троцифрен број на заболени. Освен на 9ти кога во дневниот корона билтен 87 потврдени позитивни на КОВИД 19. Но, сепак процентот на болни наспроти тестирани беше – 9.5 % . А највиок процент 18% од тестираните позитивни на вирусот имаше вчера. Од 971 тест 175 новодијагностицирани.
Наспроти растечките цифри на ковид позитивни , бројот на оздравени за една недела е 61. За исто толку денови на болеста и подлегна 24 луѓе.
Главниот град е со најмногу активни случаи – 1040 . Зад него се Куманово со 202, Штип 192 и Тетово со 165 .
Теодора Цветковска