
Бројот на активни случаи од КОВИД 19 во изминативе три недели зголемен за три пати
125 нови случаи позитивни на корона вирус има денеска во земјава од вкупно направени 1085 тестови, а се регистрирани и два смртни случаи и тоа од Прилеп на 73 -годишна возраст и од Струмица на 67 години. И овој пат најголем број од заразените се од Скопје и тоа 46, по што следува Куманово со 19, Штип 17, Тетово 16, Струга 7, Гостивар 6, Охрид 5, Велес 3, Неготино 2 и Прилеп, Битола, Кочани и Делчево по еден.
Но, денес го имаме пикот на број на активни случаи и тоа 1124. Ако се изработи графикон на кој е прикажан бројот на луѓето кои во моментов се болни од корона вирусот и по денови може да се забележи дека ако се изземе последнава недела, кога се случува вториот пик на заразата, претходно најголем број на активни случаи имало на 18 април и тоа 976. Тоа е на само два дена откако во првиот пик имаше најголем број на заразени на 16 ти април и тоа 107. Најмалку активни пак имало на 12 мај и тоа 370, по што бројката почнува да расте. Тоа значи дека до денес за три недели – три пати повеке се зголемил бројот на активни случаи. Но интересно е тоа што на 26 мај властите на прес конференција како и сега убедуваа дека состојбата со кластерите ја имаат под контрола. Тогаш претседателот на комисијата докторот Жарко Караџовски ја убдуваше јавноста дека токму сегашните кризни жариште се под контрола.
Вчера пак министерот Венко Филипче повторно убедуваше дека кластерите се под контрола. Се правдаше дека викендов морало да има целосне карантин во жариштата, но од понеделник најверојатно нема да има полициски час. За доктор Пановски пак најголемата грешка е направена токму пред две недели кога мерките за ограничено движење целосно беа укинати и се се врати по старо.
Неофицијално сите денес новозаразени се од веќе познати кластери освен троца кои се нови случаи. Најголем дел се од Чаир, центар, карпош и аеродром, а се намалува бројот на заразени од сарај и студеничани. Денеска пак се оздравени осуммина пациенти.
Билјана Николовска