
Бројката на позитивни на ковид-19 во земјава се искачи на 711
Нови 48 случаи на ковид-19 во земјава, од кои повеќе од половината се во кумановско, дури 25. Со тоа бројот на позитивни во Куманово се искачи на 168, додека во целата држава на 711. Во Скопје се регистрирани 11 нови случи со што во главниот град 284 се позитивни на вирусот, во Прилеп има нови четири случаи, во Струга три, два во Гостивар и по еден во Тетово и во Охрид.
Добрата вест денеска е што од Инфективната клиника како оздравени дома се испратени три лица, две од Куманово и едно од Тетово, а едно лице од Скопје оздравело во домашни услови. Во последните 24 часа направени се и рекордни 496 тестирања на Ковид -19.
Во денешната статистика за коронавирусот се регистрирани и два смртни случи евидентирани вчера – починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, како и лицето од Лабуништа за кое Министерството за здравство информираше на 5 април, а чиј тест како позитивен на коронавирус се потврди постмртно.
Инаку според статистиката на Миистерството за здравство Дебар се наоѓа на четврто место по бројот на заболени, но таму бројката на новозаболени не е сменета од 3 април.
Пред Дебар по број на заболени е Прилел со досега 50 регистрирани случи.
Тамара Грнчароска