
Бројаниците и нивното значење за католичките верници
На бројаницата или како што хрватите ја нарекуваат круница, 63 годишната Долорес Кашуба Петров пред камерата на Телма го објасни нејзиното значење на секоја миса во католичките цркви. На светата миса денеска сите католици во раката ќе имаат вакви бројаници, со што ја изразуваат својата верба кон бога.
Бројаниците кои се направени од каменчиња, мал крст и иконка ги изработуваат чесните сестри. Долорес на мисата во Скопје е со својата бројаница стара 25 години, а осветена и донесена од Ерусалим. Досега таа немала можноста да го посети Ватикан, за првпат ќе присуствува на една миса со папата, смета дека ова е голем настан за верниците и граѓаните од регионот.
Смета дека Штип е град, каде што има соживот, без разлика на етничката припадност или вероисповед.
На светата миса во Скопје присуствуваат над 90 верници од Штип, заминати се со сопствен превоз или со автобуси, коишто ги организираше Долорес, како претседател на Заедницата на Хрвати „ Либертас“ Штип.
Викторија Јованова