Брнз загрижена од изјавите за враќање на Преспанскиот договор назад

Политичките партии да не ги збунуваат граѓаните со изјави за враќање и менување, на Договорот од Преспа, бидејќи бенефитот од Договорот за граѓаните на земјава е многу голем. Амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз е загрижена од ваквите обиди на партиите.

Ме загрижува обидот да се збунат луѓето за ефектот од Преспанскиот договор, што тој значи, што е наменето за земјата. Со тоа се ризикува да се загуби трансформативниот ефект кој го има Преспанскиот договор. Се ризикува да се збунат луѓето за бенефитот кој може да го имаат во контекст на креирање на можности, регионална соработка, привлекување на странски инвестиции и креирање на позитивна иднина. Па така кога слушам за враќање назад на Преспа, за менување, уназадување на Преспа сметам дека граѓаните навистина треба да размислат за тоа и да знаат за бенфитите кои произлегоа од Договорот, изјави Брнз.

За последиците доколку се реализираат најавите за враќање на Преспанскиот договор во контекст на НАТО и ЕУ, Брнз вели дека тоа би било испраќање на многу различна порака кон партнерите.

Северна Македонија ќе стане рамноправен член во НАТО и евентуално ќе стане и член на ЕУ, и партнер на ЕУ и на сите нејзини членки. Тоа е важна порака. И последиците од тоа да велите дека не сакате да ги признаете сите достигнувања на Преспа, да сакате да се движите напред, испраќа многу различна порака, изјави Брнз.

Аериканската амбасадорка во тој контекст побара фокусот да се задржи на иднината.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ