Брисевите се испитани, нема новозаразени со МРСА

Лекарите ги испитувале земените примероци од градинки и училишта во Чаир, 48 на број. Направиле бактериолошки тестови при што излегоа и потврдија дека нема нови случаи со бактеријата МРСА. Повикаа да не се создава паника кај луѓето и да се намали со употребата на антибиотици за секоја ситница.

„Бактеријата МРСА е опасна во болнички услови. Ние не живееме во стерилна средина, ние сме цело време изложени на некакви инфекции. Немаме болно дете, се реагира кога има температура, инфекција, изразена со клинички знаци“ кажа Александар Стојанов од Центарот за јавно здравје.

Во Центарот за јавно здравје доаѓале загрижени родители да ги проверат децата дали се заразени со МРСА, но лекарите оттаму ги смируваат да не паничат ако нема клинички знаци за инфекција кај нив и дека со давање антибиотици им се прави противуслуга на децата бидејќи стануваат отпорни на ефектите од лекот.

До сега едно дете заразено со МРСА има од основно училиште во Бутел, а три случаи се регистрирани во градинка во Чаир.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ