
Брестовац: Се фокусираме на победа против Австрија
Поразот од Чешка е веќе зад нас, па македонската ракометна репрезентација се фокусира на победа против домаќинот Австрија, која би не одвела во следната фаза. Селекторот Данило Брестовац е убеден дека Македонија има доволно квалитет да извојува победа утре во Виена.
Предводникот на Австријците, Алеш Пајовиќ ја остава фаворитската улога на Македонија и смета дека шансите за победа на утрешниот натпревар се 50-50.