
Бранителите од 2001-та заборавени од државата
Бранителите од конфликтот во 2001 година се заборавени од државата, реагираа тие на одбележувањето на 17 годишнината од масакрот кај Вејце.
Со порака никогаш да не сe повтори, заедно роднините на загинатите, нивните пријатели, здруженија на граѓани, политички партии се поклонија и одадоа почит на двата споменици во Битола посветени на бранителите, пред Секторот за внатрешни работи и споменикот Ангел.
Маскароt кај Вејце се случи на 28 април 2001 година, кога во заседа загинаа 8 припадници на безбедносните сили на Македонија, од кои четворица беа битолчани – Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски.