Економија Браната на река Отиња ќе чини 7.500.000 евра
Штип на располагање ќе има 3.200.000 евра за изградба на брана на река Отиња.
Средствата се обезбедуваат од буџетот преку Министерството за транспорт и врски. Штипјани со децении бараа изградба на оваа брана, која ќе го заштити централното подрачје од поплави, но и ќе ја смени климата.
Овие укоричени документи, кои штипскиот градоначалник Бочварски ги презентираше пред новинарите се проектите за изградба на браната, којашто како идеја постои од шеесетите години на минатиот век.
Во нив недостасува Деталниот урбанистички план и градежната дозвола, со што и официјално ќе почат тендерските постапки.
Бочварски смета дека изборите нема да попречат во целокупната постапка, па затоа и веќе за напролет ги очекува и првите градежни машини на овој објект. Браната на река Отиња ќе чини 7.500.000 евра, изградбата се очекува да трае две до три години.
Викторија Јованова



