Брачен пар од Скопје имаат двор, но немаат порта – соседите целосно им ја блокирале

Јордан и Вера Стојановски се пензионери кои живеат во град, но секојдневно се мачат бидејќи се изолирани од околината. Дома можат да влезат преку импровизирана врата која е всушност исечена ограда која стои помеѓу нивниот двор и соседската фирма.

Куќата ја изградиле пред речиси две децении. Живееле нормално се до пред 7 години, кога нивните комшии кои се и нивни роднини решиле целосно да им го затворат пристапот до дворот без никаква кавга, ниту некакво објаснување.

Куќата на Стојановски се наоѓа на голема парцела од 1100 метри квадратни. Јордан и Вера живеат на едниот дел кој нив им следува. Тие имаат ангажирано адвокат и се тужат со своите роднини. Само преку адвокати комуницираат и никогаш не се обиделе да разговараат и да го решат проблемот лично.

Екипата на Телма се обиде да стапи во контакт со роднините на Јордан и Вера Стојановски. Никој не ни отвори врата. Се обидовме и телефонски да го добиеме нивниот адвокат, но и тоа безуспешно.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ