
Бошковски: Мијалков беше издигнат на ранг на библиско суштество
Пцовки, навреди, закани, вперен пиштол во глава. Седум години подоцна Љубе Бошкоски и во судница во присуство на ексдиректорот на УБК Мијалков и седуммината полициски алфи обвинети за тортура, раскажа за апсењето кое го нарече политички реваншизам и несфатлива омраза. Бошковски раскажа дека го легнале на земја, го газеа со колена, а еден од нив извадил пиштол и со него го притиснал за образ, а траг од тоа имал на лицето со денови и во притворот во Шутка. Го посочи и обвинетиот кој го сторил тоа. „Кога реков дека знам дека ме намести нивниот шеф Саша, а некој рече да не се споменува името Саша, туку шефот, дигајќи го на ранг на библиска личност“, сведочеше Бошковски.
Речиси сите обвинети и адвокати му поставуваа вкрстени прашања на Бошковски освен Мијалков. Нивното соочување се сведе на вкрстени погледи.
Одбраната преку низа прашања сакаше да прикаже дека Бошковски давал отпор при приведувањето. Тој негираше и повтори дека откако слушнал неколку паралелни извици „Стој полиција„ се стаписал во место и ја фрлил кесата со пари кои биле долг што му ги вратил приајтел, кој подоцна станал заштитен свеодк против него. На прашањата дали пријавил во некоја инстируција за повредите, тој одговори одговори со прашање каде да пријави кога во затворот му се заканувале, полицијата го апсела а цела држава со страв споменуваше едно име, рече Бошковски.
Следното рочиште ке се гледаат снимки од апсењето на лидерот на ОМ.
Елена Ивановска Мукоска