Боро Стојчев поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев, си поднесе оставка од функцијата. Напишал изјава и ја пратил до Советот на општината, наведувајќи дека неотповикливата оставка ја поднесува од морални причини.

Откако штипска апелација пред три дена му ја намали казната затвор од 18 на 6 месеци, од СДСМ рекоа дека е покрената постапка за негово исклучување од партијата и го повикаа да си поднесе оставка од функцијата.

Инаку вчера струмичкиот суд соопшти дека Основното јавно обвинителство побарало активирање на неговата условна казна за дело од 2010 година, злоупотреба во службата. За ова кривично дело во 2015 година Стојчев е осуден на четири години условна казна, односно 2 години затвор ако го повтори делото. Кривичниот совет при струмичкиот суд донел одлука по барањето на Јавното обвинителство, но ќе ја соопшти во понеделник.

Боро Стојчев летово беше фатен во обид да шверцува цигари преку македонско-бугарската граница.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ