
(видео)Борисов: Заев да не поднесува оставка
Ништо не е одлучено, само е одложено. Забележана е огромната работа што ја направиле колегите во Северна Македонија и Албанија. Да, несомнено постои страв од проширување. Но, огромното мнозинство на земји се за „овие две земји да ја добијат својата перспектива“. Ова го изјави премиерот Бојко Борисов во Брисел, каде што се одржува самитот.
„Отсекогаш сме и давале поддршка“, додаде Борисов.
Како што информираат бугарските медиуми, покрај тоа, Борисов го советувал својот македонски колега Зоран Заев да не си даде оставка заради одложувањето на поканата за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ.
- Не би сакал да зборувам ниту од името ва Франција, ниту од името на Холандија, нуту која било држава. Никој не кажал не, велат добро но нека се подготват максимално добро за да нема последици и неколку месеци не се вечност за да можат да се приклучат како процес. Освен тоа јас им дадов пример, пред некое време и на советот зборував долго со Зоран Заев и мкојот совет до него беше да не си поднесув оставка, бидејќи тој има направено многу работи и треба уште многу нешта да направи, рече Борисов.