Борисов негира дека Груевски имал бугарски пасош

Груевски немал Бугарски пасош. Премиерот на Бугарија Бојку Борисов денеска ги негираше тврдењата објавени во медиумите дека поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски избегал со бугарски пасош.

  • Груевски ниту барал, ниту пак бугарската страна му издала пасош. Тоа е 100% лажна вест“, изјави Бојку Борисов, премиер на Бугарија.

Ова беше единственарта реченица поврзана со бегството на Груевски на денешната заеднички прес-конефренција на бугарскиот премиер со неговиот македонски колега, Зоран Заев за шпекулациите како тој стигнал до Унгарија без македонски пасош, меѓу кои беше и таа тоа го направил со бугарски пасош.

Во срспките медиуми денеска пак е пласирана информација дека Груевски преку Албанија стигнал до Будимпешта. Поточно дека се засолнил во унагарскта амбасада во Тирана и потоа со авион заминал за Будимпешта. Телма се обиде да добие официјален став од албанското МВР за оваа информација, но безупешно. Медиумите во Албанија пак објавуваат дека по оваа информација албанската полиција започна проверка на два гранични премини Ринас и Ќафасан, со проверка на безбедносни камери на двата гранични премини и списокот на лица кои влегле на албанската територија.

Молк и од српските власти за бегството на Груевски. Откако вечера соопштија дека Груевски немал српски пасош и се проверува дали тој преку српска територија стигнал во Унгарија, денеска портапролката на српското МВР не одговараше на телефонските повици, а нема ниту изјави на официјалните претставници на Србија.
За бегството на Груевски денеска се огласи американскиот Стејт департмент, од каде се вели дека Груевски кој бара политички азил во Унгарија треба да ја одлежи својата затворка казна во Македонија.

  • По темелен и транспарентен правен процес, Никола Груевски беше обвинет од македонскиот суд за злоупотреба на службената положба и осуден на затвор во траење од две години. Пресудата беше потврдена од повеќе судски инстанци. Дополнително, Груевски е обвинет во уште четири кривични случаи кои се во тек. Сметаме дека е соодветно судските постапки во Македонија да продолжат, а Никола Груевски да одговара пред македонскиот правосуден систем“, изјави портпаролот на Стејт департментот за „Политико ЕУ“.

За барањето на азил на Груевски од Унгарија денеска телефонски разговарале и шефовите на македонската и унгарската дипломатија на иницијатива на Димитров. Димитров притоа, како што се наведува од МНР, му посочил на Сијарто дека се работи за осуденик против кого се водат уште неколку судски процеси и укажал на парадоксот за барање политички азил во земја членка на ЕУ, од страна на личност чие владеење во земја-кандидат за членство во ЕУ беше окарактеризирана како „заробена држава“ од страна на самата Унија.

Сијарто во разговорот му потврдил на Димиторв дека Груевски поднел барање за политички азил и оти правната процедура е веќе започната. Тој рекол дека барањето на Груевски за азил е правно, а не политичко прашање и дека унгарските власти ќе одлучуваат целосно според меѓународното право.

 

Тамара Грнчароска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ