
Мета и Борисов изразија жалење за автобуската несреќа
Бугарскиот премиер Бојко Борисов изрази жалење за жртвите во тешката автобуска несреќа што вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Тетово.
-Со болка ја слушнав веста дека на патот Скопје – Тетово животот го загубија 14 лица. Им изразувам жалење на најблиските на загинатите и посакувам брзо заздравувње на повредените, изјави Борисов.
На својот профил на Фејсбук тој напша дека е длабоко погоден и тажен од страшната вест и е духовно со семејствата на настраданите.
-Длабоко погодени и тажни од шокантните вести за загубените животи во трагедијата со автобусот на автопатот Скопје-Тетово. Во овие тешки мигови духовно сме до семејствата погодени од оваа трагедија, до роднините и пријателите на жртвите и сите граѓани на Северна Македонија погодена од ова трагедија! Длабоко и искрено сочувство и братска солидарност! Искрени желби за брзо закрепнување на повредените, напиша Мета.
Длабоко сочувство до најблиските на загинатите изрази и претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи.
Во тешката автобуска несреќа кај селото Ласкарци вчера попладне се преврте автобус на компанијата „Дурмо турс“ во која загинаа 14 лица. Владата на својата вонредна седница синоќа прогласи дводневна жалост.